Алегри ја дозна казната за беснеењето против Лацио (ВИДЕО)

Стратегот на Милан, Масимилијано Алегри ја доби казната за беснеењето во финишот од натпреварот со Лацио.

Во завршницата од дуелот помеѓу Милан и Лацио дојде до голема тензија откако тимот од Рим бараше најстрога казна, а судијата беше повикан да гледа ВАР.

Во тие моменти Алегри бурно реагираше и жестоко протестираше, поради што заработи црвен картон, иако на крајот Лацио не доби пенал.

За такво однесување, Алегри сега е суспендиран на еден натпревар, а ќе мора да плати и парична казна од 10.000 евра.