Медведев го „уништи“ Де Минор и остана во игра за полуфинале во Торино

Рускиот тенисер Данил Медведев славеше против Алекс Де Минор со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-4 за еден час и 20 минути и остана во трката за полуфинале на завршниот турнир во Торино.

По поразот од Тејлор Фриц (0-2), Медведев се разбуди во второто коло од турнирот и лесно го нокаутира Де Минор, па во третото коло ќе се бори против Јаник Синер за да обезбеди пласман во нокаут-фазата.

Де Минор го запиша вториот неуспех во групната фаза, па за два дена го чека дуел против Фриц.