ФИФА уште е во време на короната: Македонија ривалите за СП ќе ги добие – онлајн!

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, донесе одлука годинешниот Конгрес на ФИФА, закажан за 11 декември, да се одржи онлајн, а истата одлука важи и за ждрепката за квалификациите за Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада.

Ова значи дека Македонија за првпат ќе ги дознае своите противници во квалификациите преку онлајн настан, наместо со традиционалниот ждреб, како челниците на светскиот фудбал се уште да живеат во време на короната. Според одлуката на Инфантино, овој формат ќе ги задржи медиумите подалеку од Цирих и ќе избегне поставување непријатни прашања. Од март минатата година, Инфантино не дал изјава откако го доби новиот мандат како претседател на ФИФА.

Во квалификацискиот формат ќе учествуваат 55 репрезентации, распределени во седум групи со по пет репрезентации и пет групи со по четири. Тимовите во групите од по пет ќе ги започнат квалификациите во март 2025 година, додека помалите групи ќе започнат во септември. Директен пласман на Светското првенство ќе обезбедат победниците на 12 групи, додека последните четири места ќе се решат преку бараж натпревари. Македонија досега нема настап на Светско првенство.