Рома потврди: Раниери пристигна на Олимпико за да го бара новиот тренер!

Рома го потврди доаѓањето на Клаудио Раниери, но не како сите што очекуваа дека ќе биде тренер до крајот на сезоната, искусниот стратег ќе има и друга улога.

Раниери ќе го предводи тимот само додека да се најде нов тренер кој лично тој ќе треба да го потврди.

„Рома со задоволство може да соопшти дека Клаудио Раниери е нов технички директор на првиот тим. На крајот од сезоната тој ќе преземе сениорска улога во менаџментот, ќе биде советник на сопствениците за сите спортски прашања во клубот. Потрагата по нов тренер ќе продолжи во наредните месеци и Клаудио исто така ќе одлучува за тоа“, стои во соопштението на Рома.