РФМ исплати пет милиони денари премии за репрезентациите
Исплатени се вкупно пет милиони денари од кои по два милиона за машката и женската сениорска репрезентација за обезбедениот пласман на Светското, односно Европското првенство и еден милион денари за машката младинска селекција коja го освои деветтото место на Европското првенство во Словенија.
Машката сениорска репрезентација ќе игра на претстојното Светско првенство во јануари, во Хрватска, Данска и Норвешка. Дамите идниот месец ќе настапат на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија, додека деветтото место на младинците им носи учество на Мундијалот во Полска во јуни идната година.