Тајсон со 58 години изгледа ѕверски – како најопасниот тип на планетата (ФОТО+ВИДЕО)
Поранешниот светски боксерски шампион, кој е 30 години постар од Пол, е во неверојатна форма пред борбата – нешто што го признава и самиот Пол. Тајсон неодамна сподели фотографија од своите подготовки на Инстаграм, на која Пол не пропушти да искоментира.
„Честитки, Мајк. Неверојатен си, како Хулк. Но, сепак ќе те уништам.“
Иако е 20 години во пензија, Тајсон тврди дека никогаш не бил подготвен како сега. Тој објасни дека за секој што влегува во рингот со него тоа претставува проблем.
„Кој и да е во рингот, има проблем со мене. Ако и мајка ми влезе во ринг, ќе има проблем со мене. Не влегувај во ринг ако не сакаш проблем“, изјави „Челичниот Мајк“.
Борбата ќе се одржи на AT&T стадионот во Арлингтон, пред околу 80.000 гледачи.