Што ќе ѝ е нов голман на Барса, Пења го исфрустрира Мбапе (ВИДЕО)
Сепак, можеби на Барса не ѝ треба нов голман, судејќи по денешното Ел Класико во Мадрид. Ињаки Пења беше на висина на задачата и не дозволи да се затресе неговата мрежа, а во неколку наврати му фати зицери на индиспонираниот Килијан Мбапе.
Првиот пат во почетната фаза од мечот кога излезе и го покри својот гол. Вториот во 71. минута кога Французинот излезе сам пред Пења, но голманот на Барселона без поголем напор го одбрани неговиот удар и тоа со него, а потоа уште два пати.
Покрај ова, Пења имаше фантастична одбрана и во првото полувреме кога во главна улога беше Белингам, сите ја видоа топката во голот, но голманот со магична интервенција го спречи тоа.