Шампионски карактер на Звезда: Од -19 до победа во Задар
Регионалниот шампион успеа да слави со 84-77 и покрај тоа што во првата и втората четвртина имаше негатива од 19 поени разлика. По десет минути игра, Задар водеше со 31-12, на почетокот од вториот квартал и со 33-14, но потоа почна големиот пресврт на Звезда. Постепено ја намалуваше негатива за во финишот на полувреме да се доближи на 41-42, а во вториот дел и да го преземе водството.
Задар не се предаде, се држеше до средината на последниот период, но Звезда пред крајот додаде гас и на крајот дојде и до убедлива победа во однос на она што се случуваше на теренот.
За само пет дена, „црвено-белите“ пребродија две тешки гостувања во АБА лигата, прво кај Будуќност, а сега и кај Задар и ги задржаа шансите за првото место по основниот дел на сезоната.