Баер прими гол во 90. минута и остана без уште два бода (ВИДЕО)

Она што беше главна сила на Баер минатата сезона, во походот кон шампионската титула во Бундеслигата, денеска се покажа како проблем.

Првакот на Германија одигра нерешено на гостувањето кај Вердер (2-2) и покрај тоа што пред истекот на основните 90 минути имаше предност од 2-1. Шмид во финишот се погрижи за израмнување иако Вердер се уште ја чека првата победа на домашен терен оваа сезона.

По денешното реми, Баер заостанува пет бода зад лидерот Лајпциг, по само осум кола од новата сезона.