Хачанов го елиминира Де Минор и му направи голема услуга на Ѓоковиќ

Рускиот тенисер Карен Хачанов обезбеди пласман во финалето од турнирот во Виена откако попладнево го совлада Алекс де Минор со 2-0 (6-2, 6-4).

Освен што доби шанса да се бори за трофејот, против Џек Дрејпер, Русинот му направи услуга на Новак Ѓоковиќ во битката за пласман на завршниот Мастерс во Торино. Де Минор можеше да влезе во топ-8 и во многу поповолна ситуација да го дочека турнирот во Париз претстојната недела, но остана на деветтата позиција и оттаму ќе се бори на Мастерот во француската престолнина.

Ѓоковиќ има 3.910 бода и се наоѓа на шестото место, зад него се Руд со 3.845, Рубљев со 3.720 и Де Минор со 3.555 и сите тие својата шанса ќе ја бараат во Париз каде српскиот ас нема да игра. Теоретски сите можат да го поминат, но според формата, а и фактот што во Франција ќе направат и дел од најдобрите светски тенисери, многу тешко дека ќе се случи такво нешто.

Ова би значело дека на крајот Ѓоковиќ самиот ќе одлучува дали ќе игра во Торино, а не е исклучено да го откаже својот настап и во Париз.