ЛЕ: Голеада во Турција, Бодо ја шокираше Брага! (ВИДЕО)
Фудбалерите на Галатасарај во Истанбул ја совладаа екипата на Елсборг со 4-3. Турскиот гигант по првите 45 минути имаше убедлива предност од три гола разлика и изгледаше дека шведската екипа ќе доживее дебакл.
Мауро Икарди го отвори резултатот во 28. минута, а десет минути подоцна по ударот на Бардаџи голманот на Елфсборг да си постигне автогол. Само пет минути подоцна Барис Јимлаз носи предност од 3-0 за домаќините.
Неизвесноста во натпреварот се врати кога Никлас Хулт и Михаел Баидо со головите во 53. и 65. минута намалија на 3-2. Се играше 83. минута кога Галатасарај со голот на Акгун го врати водството од два гола, додека Елфсборг со погодокот на Ларсон во втората минута од судиското продолжение ги постави конечните 4-3. Во последните моменти видовме и еден поништен гол на Батшуаи.
Во вториот натпревар во истиот термин големо изненадување приреди Бодо Глимт кој на гости ја совлада Брага со 2-1. Сите голови во овој натпревар беа постигнати во вториот дел, Бодо поведе преку Хакон Евјен во 53. минута, а Нијакате во 64. го изедначи резултатот.
Три минути подоцна стрлецот на голот за Португалците заработи исклучување. Радост за Брага донесе 19-гогидшниот Вилдс Нилсен кој одлично се снајде по еден корнер во 94. минута.