Без изненадување и без инциденти во првото "албанско дерби" во баскет елитата!
Од почетокот до крајот чаирчани доминираа на теренот и во ниту еден момент кошаркарите на Шкупи не успеаа сериозно да им се заканат.
До двоцифрена разлика домаќините стигнаа уште во првата четвртина која ја добија со 27-15 и од тој момент предноста на фаворитот само се зголемуваше.
На паузата водството на Чаир изнесуваше 52-37. Не се промени сликата на теренот ниту по враќањето на кошаркарите од одморот. Па така беше прашање само разликата со која ќе слави Чаир.
Најефикасен на теренот беше Тајвон Кирк со 26 поени, го следеше Диванте, додека во редовите на Шкупи 18 поени уфрли Златевски.