Серафимов: Предноста од 11 гола е голема, но може ништо да не значи

Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, Алкалоид славеше убедлива победа од 11 голови разлика 42-31 против екипата на Клаипеда од Литванија.

Предноста и квалитетот се на страната на Алкалоид во реваншот за седум дена, сепак ракометарот Мартин Серафимов потенцираше дека не смее да има опуштање.

Клаипеда одиграа многу добар ракомет денеска и покрај големата разлика. Имаме уште еден меч против нив, 11 разлика е голема, но може да не значи ништо. На терен се чувствува дека се квалитетен тим, трчаа цело време, во 55 минута трчаа како да е 5 минута. Но, ние успеавме да ги надмудриме. Задоволен сум како ние одговоривме на нивното трчање.

Пред реваншот со Клаипеда, Алкалоид го чека и дербито во домашното првенство против Пелистер.