Лацио со автогол поразен од Јувентус (ВИДЕО)

Јувентус запиша уште еден триумф во свој стил без примен гол во рамките од осмото коло во Серија А. На свој терен „старата дама“ беше подобра од Лацио со 1-0.

Работите во лоша насока за Лацио во 24. минута остана со играч помалку. Исклучен беше Ромањоли по еден прекршок пред шеснаесетникот.

Но, Лацио и со играч помалку одлично парираше на „старата дама“ која не успеваше да доминира.

Моментот на одлука се случи во 85. минута кога дефанзивецот Марио Гила ја погоди сопствената мрежа. Претходно Јувентус се закани прекуи Василије Аџиќ и Даглас Луиз.

По овој натпревар Јувентус остана без примен гол од игра и гол-разлика 11-1. Единствениот гол избраниците на Мота го примија против Каљари од пенал.