Мбапе и Винисиус обезбедија три бода за Реал во Виго (ВИДЕО)

Реал Мадрид не дозволи изненадување и славеше победа од 1-2 на гостински терен против Селта во рамките од десеттото коло во шпанската Ла Лига.

Килијан Мбапе по 20 минути игра со убав гол го отвори резултатот и ги доведе „кралевите“ во водство.

Погодокот на Французинот беше и единствен по првите 45 минути. На стартот од второто полувреме домаќините стигнаа до изедначување кога во листата на стрелци се запиша Сведберг.

Победата за гигантот од Мадрид ја обезбеди Винисиус Жуниор на половина час пред крајот.

„Кралевите“ со овој триумф се изедначија со Барселона со по 24 на врвот на табелата, но каталонците својот натпревар од ова коло го играат утре против Севиља.