Синер побогат за шест милиони долари: По трофејот во Шангај, победи и во Ријад!

Италијанецот, Јаник Синер по освоениот трофеј во Шангај славеше и на турнирот во Саудиска Арабија каде што во финалето за два часа и 21 минута беше подобар од Карлос Алкараз.

Битката за наградата од шест милиони долари започна изедначено, па првиот сет се решаваше во тај-брејк каде што Алкараз успеа да го добие сетот за 0-1.

Но, тука шпанскиот ас како да застана, а Италијанецот ја презема контролата над играта. Во следните два сета Синер му дозволи на Алкараз само по три гема за конечен триумф.

Ќе потсетиме турнирот во Ријад не носеше бодови на АТП листата бидејќи стануваше збор за неофицијален турнир, но тенисерите добија по 1.5 милион долари само за учеството, додека Синер како победник заработи дополнителни шест милиони долари.