"Џабе јадам го*на, не играме со Шкупи - со МЗТ играме" (ВИДЕО)

Екипата на Работнички беше немоќна во денешното дерби против големиот ривал МЗТ Скопје и претрпе пораз од 14 разлика (56-70).

Од самиот почеток МЗТ доминираше на паркетот, а избраниците на Горан Самарџиев никако не успеваа да бидат рамноправен противник, па тоа на моменти веројатно и го фрустрираше.

Во еден од тајм-аутите Самарџиев и ептен описно се обиде да ги мотивира своите кошаркари споменувајќи го тимот на Шкупи.