Гол за ТВ шпици: Спектакуларни ножички на Осимен (ВИДЕО)

Галатасарај славеше убедлива победа од 0-3 на гости кај Анталијаспор во турската Суперлига, а во овој натпревар се истакна Виктор Осимен.

Два гола за Галатасарај постигна Мауро Икарди, меѓутоа потегот на мечот му припадна на Нигериецот.

Поранешниот напаѓач на Наполи во 92. минута ја потврди победата на неговиот тим со спектакуларни ножички.