МЗТ Скопје ја оправда фаворитската во вечерашното дерби против Работнички и славеше победа со 70-56 во натпревар кој беше исполнет со многу тензија.

Дербито прекинато на самиот почеток од втората четвртина, откако беа фрлени голем број петарди и чадни бомби на паркетот, што беше причина прво кошаркарите од Аеродром да побегнат во соблекувалната, а потоа истото да го сторат и домашните играчи.

Прекинот траеше 85 минути и кошаркарите се вратија на теренот откако полицијата ја испразни салата.

На паркетот натпреварот одеше во една насока од самиот старт. Работнички во првата четвртина постигна само 8 поени, па разликата уште тука изнесуваше 20 поени (8-28). Таа предност МЗТ ја одржуваше и до крајот на паузата и на одмор замина со (28-48).

Работнички ниту во вториот дел не успеа сериозно да се доближи до ривалот, па „штрковите“ сигурно ја одржуваа предноста за уште една победа во дерби пресметките Копривица со 15 поени беше најефикасен кај МЗТ, додека кај поразените Стојан Ѓуровски заврши со 12 поени.

.