Ѓоковиќ испрати порака до „хејтерите“: Уште ќе ме гледате!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ даде интервју за аргентинскиот „Ла Насион“ во кое и испрати порака за оние кои сметаат дека му е време да се повлече.

Зборуваше Новак во интервјуто на повеќе теми, но најголемо внимание привлече делот каде што аргентинските новинари го прашаа за повлекувањето од професионалниот тенис.

„Легитимно е тоа прашање во овој период од кариерата, меѓутоа длабоко во душата чувствувам дека можам да освојам уште некој грен-слем трофеј. Тоа е она што ме мотивира да се натпреварувам и понатаму по толку многу тофеи. Исто така среќен сум и кога играм за Србија на Дејвис Купот.

„Многумина ми зборуваат дека по златото во Париз требаше да се повлечам, сега не мислам така, можеби во иднина ќе го сменам мислењето. Чувствувам дека можам да играм уште на највисоко ниво. Жал ми е за оние кои сакаат да се повлечат бидејќи ќе мора да ме гледаат уште некое време на терените“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ утре го чека меч против Рафаел Надал за третото место на неофицијалниот турнир во Саудиска Арабија „Шесте кралеви“.