Меси со специјална покана на Светското клупско првенство?
Едно од тие две места ѝ припаѓа на конфедерацијата КОНМЕБОЛ и ќе му припадна на победникот во Копа Либертадорес, а второто за клуб кој ќе го избере ФИФА со специјална покана. Извесно е дека тоа ќе му припадна на Интер Мајами со што Лионел Меси ќе добие можност да заигра и на Светското клупско првенство.
Интер Мајами не исполнува услови за учество на Светското клупско првенство бидејќи нема триумф во КОНКАКАФ Лигата на шампионите во последните четири години, но ФИФА е решена да му даде можност да се натпреварува. Со тоа би бил петти клуб од Северна и Средна Америка, покрај мексиканските Рахадос, Леон и Пачука и американскиот Сиерл Саундерс.