Манчестер јунајтед доби нова „корпа“ од тренер поради Брентфорд!

Тренерот Ерик Тен Хаг разочара со резултатите со премиерлигашот Манчестер јунајтед, па поради тоа ко-сопставникот Сер Џим Ретклиф активно бара негова замена.

Еден од кандидатите за кормилото на гигантот беше Томас Франк, но тој повтори дека ужива во голема почит во Брентфорд и не планира да ја напушти екипата, иако има повик од „црвените ѓаволи“.

„Кажав повеќе пати дека сум среќен во Брентфорд. Не знаеме што носи иднината, но не планирам да заминам. Сакам да останам во клубот уште многу години“, кажа Франк.

Брентфорд во моментов е на 11. место со 10 бодови, додека Манчестер јунајтед е на 14. позиција со осум бода.