Вардар го демолира Куманово за седми триумф по ред во Суперлигата
Вардар го отвори мечот со серија од 4-0, по што Куманово го возврати ударот и израмни на 4-4. Скопскиот гигант потоа додаде гас во нападот, но беше одличен и во одбраната за да стигне до водство од 15-6 до паузата.
„Црвено-црните“ во вториот дел поведоа и со +11 (19-8), но потоа попушти ритамот на скопската екипа и Куманово го искористи тоа за да намали на 20-26. Вардар, сепак, повторно притисна на крајот и славеше со 31-21.
Вардар по осум одиграни кола има 14 бодови, колку што има и Алкалоид на првата позиција, но екипата оа Автокоманда има одиграно еден меч помалку.