Пред четири месеци пристигна во Англија, а сега бара промени во Премиерлигата!

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот пред четири месеци пристигна во Премиерлигата, но не можеше повеќе да издржи и почна да бара промени во натпреварување, иако очигледно никој нема да му ја исполни желбата.

Причина за неговиот револт е повредата на голманот Алисон. Тој се повреди на 5 октомври во меч против Кристал Палас и ќе паузира најмалку до средината на ноември.

Алисон играше во Лигата на шампиони во средата, па потоа настапи против Кристал Палас в сабота од 13.30 часот, а токму тој термин не му се допаѓа на Слот.

„Фудбалскиот сојуз мора да размисли затоа што ако играте меч во Лига на шампиони во среда, тогаш дуелот од 13.30 часот ќе биде проблем и постојат ризици за нови повреди. Во Холандија вообичаено сите екипи кои играат во Европа, имаат еден ден дополнителен за одмор“, кажа тренерот на Ливерпул.

Ливерпул во моментов е лидер во лигата со 18 бодови, односно еден повеќе од Манчестер сити и Арсенал.