Лудница во Белград: Мекинтајер со неверојатна тројка ја крена публиката на нозе (ВИДЕО)

Црвена Звезда води против Барселона во мечот од Евролигата, а во завршницата на првото полувреме беше забележана одлична акција на домаќините.

Милош Теодосиќ испрати неверојатно додавање до Мекинтајер, кој ги измами ривалите, па постигна тројка (47-44) и ја крена публиката на нозе.