Тен Хаг се изнервира и ги нападна новинарите: Лажете и пишувате приказни

Во пресрет на утрешниот натпревар против Брентфорд, менаџерот на Манчестер Јунајтед денеска излезе на прес-конференција и имаше жестока конфронтација со англиските новинари.

Очигледно лут на написите во последните две недели додека траеше репрезентативната пауза, холандскиот стручњак влезе во прес-салата со цинична забелешка „Многу ми недостасувавте“, а потоа продолжи со своите напади, посочувајќи дел од новинарите како главни виновници за хаосот во клубот.

„Целата галама доаѓа исклучиво од медиумите, но не од сите, не сакам сите да ве ставам во ист кош. Овде се измислуваат приказни, се лаже, се кажуваат бајки и покрај тоа што ја зборувам нешто сосема различно. Во клубот е прилично мирно, но тоа не им одговара на некои и постојано измислуваат“, рече Тен Хаг.

Пред мечот со Брентфорд, Јунајтед се наоѓа на 14. позиција на табелата во Премиер лигата со само осум бода и пет постигнати гола.