Ѓоргиев по само два меча за дрим-тимот на Струмица најде нов ангажман – во Турција!

Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев, по само два одиграни меча за дрим-тимот на Струмица кариерата ја продолжува во Турција и тоа во дресот на суперлигашот Туршад.

Тој неодамна дојде како огромно засилување за струмичани за ЦЕВ купот, но по неочекуваната елиминација од Капошвар уште на стартот од ова натпреварување реши да продолжи со нов интернационален предизвик.

Најдобриот македонски одбојкар во последнава деценија својата спортска приказна ја почна во матичната ЏИО Струмица, а потоа настапуваше за екипи како Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Париз Волеј, Тореј Ероуз, ОНИКО Варшава, Осака Блејзерс, Сакаи и Фридришафен.