Ден за паметење: Ѓоковиќ ќе игра против Надал за последен пат во историјата!

Двајца од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, утре за последен пат во историјата ќе ги „вкрстат компјата“ меѓу себе и тоа во пресметката за третото место на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“ во Ријад.

Интересно е дека и претходниот меч на Шпанецот во поединечна конкуренција беше токму против српскиот ас на Олимписките игри во Париз, кога популарниот Ноле лесно го победи. Новак и Рафа како две икони на „белиот спорт“ добија привилегирана позиција и директен пласман во полуфиналето на натпреварувањето во Саудиска Арабија, но и двајцата беа елиминирани во таа фаза. Српскиот тенисер беше поразен од Јаник Синер со 1-2 во сетови, а потоа искусниот Шпанец киксираше против помладиот сонародник Карлос Алкараз во два сета.

Двете легенди досега имаат одиграно 60 официјални меѓусебни пресметки, а скорот е 31-29 за Ѓоковиќ. Овој резултат ќе важи без разлика на исходот на утрешниот дуел, со оглед што важи за неофицијален. Во финалето на егзибицискиот турнир ќе играат Синер и Алкараз за премија што е поголема од шест милиони долари.

Надал, пак, неодамна најави пензионирање и тоа по настапот на завршницата од Дејвис купот во Малага, каде што се очекува да игра само во двојки.