Нов проблем за Јунајтед - без Мејну против Брентфорд

Откако стана јасно дека Нусаир Мазрауи ќе отсуствува извесен период, можеби и до крајот на годината поради проблеми со срцето, Манчестер Јунајтед остана без уште еден играч во составот.

Во дуелот со Брентфорд ќе го нема ни англискиот репрезентативец Коби Мејну кој не играше ни за националниот тим во Лигата на нации претходната недела. Прогнозите се дека ќе мора да паузира до крајот на месецов, а можеби и подолго што ќе биде нов голем проблем за Јунајтед.

Сепак, има и некои добри вести за Ерик Тен Хаг. Вчера со тимот тренираа Алехандро Гарначо и Амад Дијало кои пријавија повреди претходниот период, а се поблиску до враќање на теренот се Лук Шо и Мејсон Маунт.