Општа тепачка на натпревар во Србија: Судијата подели десет црвени картони (ВИДЕО)

На натпреварот од Војводанската лига „Исток“ во Србија помеѓу Полет и Напредок од Честерег се случи инцидент кој доведе до хаос во кој беа поделени дури десет црвени картони.

По натпреварот кој домаќинот Полета го изгуби со 3-1 дојде до жесток конфликт помеѓу фудбалерите на двата тима. Ситуацијата набрзо ескалираше и тоа отвори полни раце работа за судијата.

Ситуцијата мораше да ја смируваат и присутните полицајци кои спречија поголемо насилство.

Сигурно за целиот хаос ќе има и дополнителни казни кои треба да бидат соопштени во наредниот период.