Барселона сакала да ја изигра УЕФА, сега ќе мора да плати казна

Судот за спортска арбитража во Лозана ја одби жалбата на Барселона за казната која на каталонскиот клуб ја изрече УЕФА.

Барселона така ќе мора да плати пола милион евра на УЕФА која утврди дека шпанскиот клуб намерно прикажал погрешни извештаи за приходот во финансиската 2022 година и така го прекршил финанискиот фер-плеј.

Се надеваше Барселона на позитивна вест од Лозана, но од таму истакнаа дека тие свесно сакале да ги изиграат правилата, претходно тоа го утврди и контролното тело на УЕФА.