Влаховиќ е најплатен фудбалер во Серија А

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ оваа сезона е фудбалер со највисока плата во првенството на Италија, објави тамошниот весник Кориере дело спорт.

Според анализите на овој извор, напаѓачот на Јувентус има плата од 12 милиони евра со што се наоѓа убедливо на првото место. Интересно е тоа што заработката на Влаховиќ е поголема од вкупниот годишен буџет на Емполи, Лече и Верона.

На второто и третото место се наоѓаат фудбалерите на Интер, Лаутаро Мартинез и Николо Барела.