Во Јунајтед не знаат што прават: Ќе го продаваат засилувањето од 40 милиони евра?

Maнчестер Јунајтед минатото лето потроши многу пари на засилување, но резултатите и оваа сезона се под очекувањата. Прв на мета на критики е тренерот Ерик Тен Хаг на кого сериозно му се „тресе“ столчето, но разочараа и одредени фудбалери.

Меѓу оние од кои се очекуваше повеќе е Џошуа Зиркзе за кого клубот од „Олд Трафорд“ плати 40 милиони евра. Зиркзе разочара и во десет натпревари постигна само еден гол, па поради тоа се пишува и дека дури Јунајтед сака да се ослободи од него во јануари.

Како опција се споменуваше Јувентус каде што тренер е Тијаго Мота со кого Зиркзе минатата сезона во Болоња блескаше.

Исто така се пишува и кого би довел Јунајтед на негово место. Наводно голема желба на раководството е Бенџамин Шешко од Лајпциг кој во својот договор има откупна клазула од 65 милиони евра.

Словенечкиот напаѓач летово се поврзуваше со гиганти како Арсенал, Челзи и Милан, но на крајот остана во Лајпциг.