Фудбалерките ќе одиграат два натпревари во Бугарија, Андов го објави списокот

Македонската женска сениорска репрезентација во период од 21 до 29 октомври ќе одржи тренинг камп во Бугарија каде и што ќе одигра два контролни натпревари.

Најдобрите македонски фудбалерки ќе се соочат со селекцијата на Молдавија. Првиот натпревар е закажан за 25 октомври од 16:00 часот, а вториот два дена подоцна во 15:00 часот.

Двата натпревари ќе се одиграат на стадионот во Разлог. Селекторот Александар Андов го објави и списокот на повикани фудбалерки.

ГОЛМАНИ:

Евгенија Вељановска   Скопје

Викторија Панчурува   Тиверија Брера

Кристина Павлоска   Топ Гол

ОДБРАНА:

Ане Бошевска   Тиверија Брера

Павлинка Николовска   Тиверија Брера

Викторија Недева   Тиверија Брера

Александра Јовановска   Љуботен

Теона Галабовска   Тиверија Брера

Елена Панеска   Олимпија, Словенија

Бојана Петкова   Љуботен

СРЕДЕН РЕД:

Оливера Цоклеска   Ас Јунајтед

Билјана Паневска   Тиверија Брера

Хава Мустафа   Љуботен

Александра Марковска   Љуботен

Симона Мајер   Макаби Кишронт Хадера, Израел

Ленче Андрееска   Хорозкент спорт, Турција

Ихмете Лимани   СВ Веинберг, Германија

Наташа Андонова   Ријад, Саудиска Арабија

НАПАД:

Јилза Максути   Ас Јунајтед

Гентијана Рочи   Купс, Финска

Лора Сулејмани   ГСПО 92, Франција