Toдороски: Сакам да играм за Македонија!

Фудбалерот Андреј Тодороски игра одлично од почетокот на сезоната во дресот на Спартак Суботица и веќе има три гола и две асистенции, а во интервју за „Спортски Журнал“ не крие дека би сакал да заигра за Македонија.

Тодороски досега немал можност да игра за Македонија бидејќи поседува австриски пасош иако е роден во Прилеп.

„Разговаравме, секако дека би сакал да играм за Македонија, но треба да се среди документацијата и патиштата да ни се поклопат, односно тие да сметаат дека сум играч кој може да помогне на националниот тим“, изјави Тодороски.

Тодороски од 2013 до 2020 година беше дел од младинските категории на Рапид, потоа настапуваше за вториот тим на Виена, па преку ФАЦ и Виенер потпиша за Спартак Суботица која засега се покажува како одличен избор.