Повредата на Јамал го вклучи алармот: Де Ла Фуенте доби „наредба“ од Барселона!
Јамал не можеше да се движи нормално и тоа го вклучи алармот во Барселона, која испрати порака до селекторот на Шпанија, Де Ла Фуенте.
Шпанија треба да го одмори Јамал на дуелот против Србија, по што младиот фудбалер ќе оди на детални прегледи по враќањето во Барселона.
Каталонскиот гигант е загрижен поради ситуацијата со Јамал затоа што им следи тежок распоред на натпревари по репрезентативната пауза.