Македонските надежи до 19 години загубија од Словачка!

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години беше поразен од Словачка со 0-3 во второто коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Словачка ја најави победата уште во првите 45 минути, кога најпрво преку Самуел Дикос погоди за водство од 1-0, а потоа Наим Синанов со автогол ја зголеми предноста на ривалот на Македонија.

Роберт Петрушка беше стрелец на последниот гол за Словачка, откако во 67. минута го матира голманот Славе Вргов.

Македонија е на делба на последната позиција во групата 12 со Летонија со по еден бод, Луксембург има три бода, додека на врвот е Словачка со шест поени.