Швајцарија немоќна во Лесковац: Србија конечно победи во Лигата на нации
Голот за водство на Србија беше постигнат во првата минута од судиското надополнување на првиот дел, додека на 2-0 зголеми Александар Митровиќ со прекрасен гол во 61. минута.
Goal Serbia 1-0 Switzerland
— Toni (@Footballfan0088) October 12, 2024
Milenković#SRBSUI #NationsLeaguepic.twitter.com/0JfF76tk1A
ALEKSANDAR MITROVIĆ DOUBLED THE LEAD WITH A GOLAZO!!!
— Football Report (@FootballReprt) October 12, 2024
📽️ @CenterOfGoalspic.twitter.com/QbNSfGtELL
Швајцарија имаше можност да ја врати неизвесноста само 10 минути подоцна, но Брет Емболо не реализираше пенал, односно неговиот удар го одбрани голманот на Србија.
Шпанија на домашен терен ја запиша втората победа во групата, откако со голот на Мартин Зубименди ја скрши Данска.
„Црвената фурија“ е прва со седум бодови, по што следи Данска со шест, Србија има четири, а Швајцарија е последна без освоен бод.