Четири гола на Шик, Леверкузен го демолираше Фрајбург! (ВИДЕО)

Баер Леверкузен со 5-1 го совлада Фрајбург и ја потврди добрата форма во која се наоѓа во моментов, Патрик Шик беше ѕвезда на мечот.

„Фармацевтите“ имаа шанси во 33. минута да го отворат резултатот, но Вирц не реализираше пенал.

Во судиското продолжение од мечот Шик постигна погодок за водство на Леверкузен од 1-0.

По шест миути игра во второто полувреме Вирц зголеми на 2-0, а Грифо четири минути подоцна намали на 2-1.

Следуваше шоу на Шик кој даде уште три гола за вкупна победа на Баер Леверкузен од 5-1.