Срамни сцени во српскиот фудбал, тренери ќе се степаа на прес-конференција! (ВИДЕО)

Жестоки сцени се случуваа на прес-конференцијата по мечот меѓу Војводина и Раднички Крагуевац кој домаќините го добија со 3-2 во возбудлива фудбалска претстава.

По натпреварот во салата за прес-конфереци, тренерот на домаќините, Ненад Лалатовиќ тргна физички да се пресмета со тренерот на Раднички, Феџa Дудиќ.

Лалатовиќ тргна да го удри Дудуќ, му се закануваше и го пцуеше, за среќа беше задржан во својата намера, па не се случи поголем инцидент.