„Косово е Србија“ ечи пред мечот меѓу Кипар и Романија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Кипар и Романија вечерва од 20.45 часот ќе се соочат во Лигата на нации, а навивачите на двете селекции скандираа „Косово е Србија“.

Ултрасите на АЕК од Ларнака и романските навивачи скандираа и пееја песни против Косово, а ова доаѓа откако претходно на мечот во Приштина беше исвиркувана химната на Романија.

Романија има шест бодови, колку и Косово во групата 2 од Лигата Ц, додека третопласирана е Кипар со три бодови, а Литванија е на последната позиција без освоен поен.