Шчесни не е доволен: Барселона во јануари ќе купи уште еден голман

Повредата на германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген го натера раководството на Барселона да почне да бара ново решение меѓу стативите.

Каталонскиот гигант експресно го врати Војчех Шчесни од пензија, меѓутоа тоа не е доволно и во јануари планира да купи уште еден голман.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона планира да го ангажира португалскиот чувар на мрежата Диого Коста, кој веќе го покажа својот квалитет.

Барселона се поврзува и со Марсин Булка од Ница, но тој е „план Б“ во случај да не пропаднат преговорите за Коста.