Ѓоковиќ дозна кога ќе се бори со Синер за трофејот во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се соочи против Италијанецот Јаник Синер во финалето на турнирот во Шангај, а натпреварот ќе почне во 10.30 часот.

Организаторите го соопштија терминот на финалето во кое Ѓоковиќ ќе ја брка 100. титула во кариерата.

Пред српскиот тенисер се само Роџер Федерер со 103 пехари и Џими Конорс со 109 освоени титули.