Поништена суспензијата на Кампацо, ќе игра против Партизан

Плејмејкерот на Реал, Факундо Кампацо утре ќе игра против Партизан откако Евролига денеска ја прифати жалбата на неговиот клуб и му ја поништи казната.

Аргентинецот беше суспендиран на еден натпревар и парично казнет со 5.000 евра поради непримерно однесување и дивеење во финишот од дуелот со Баерн во првото коло од елитното натпреварување. Реал веднаш вложи жалба, а на еден ден пред мечот со Партизан, таа е прифатена.

Сепак, со тоа не се решаваат проблемите на Чус Матео бидејќи на утрешниот меч ќе недостасува центарот Усман Гаруба.