Шкендија бесна на Ставрев: Бараме повеќе да не ги суди нашите натпревари!

Екипата на Шкендија вчера одигра реми против Силекс без голови во рамките од деветтото коло во ПМФЛ, а во тетовскиот клуб се незадоволни од арбитражата на овој натпревар.

Главен судија на натпреварот беше Александар Ставрев за кого Шкендија вели дека не е првпат да ги оштети, па јавно побара тој да не суди на нивните натпревари.

„Уморни сме од бескрајните поплаки и реакции за начинот на кој се дели правдата на нашите натпревари. Сега, по официјалната претставка упатена до Арбитражната комисија приф ФФМ јавно ја изразуваме нашата длабока загриженост за штетите кои повеќе пати ни е нанесуваат од арбитрите, а посебно од Ставрев.

Не е првпат Ставрев да суди на дуелите помеѓу Силекс и Шкендија и во минатото тие се проследени со „грешки“. Неговите одлуки директно влијаеа не само на исходот на натпреварите, туку и на нашиот конечен пласман на првенството.

Јавно прашуваме: Што има Ставрев против Шкендија? Зошто има повторени грешки само кон нас?

Апелираме надлежните органи да преземат конкретни мреки и да престанат да ги оправдуваа грешките на арбитрите. Ова нека биде последен пат да сме „жртви“ на неправдите на теренот од судиите и посебно од Ставрев“, стои во соопштението на Шкендија.

Натпреварот против Силекс, Шкендија го заврши со два играчи помалку откако исклучени беа Трумчи и Коцев.