Тешки денови за Работнички - си отиде и синот на поранешниот НБА кошаркар
Денеска „центарци“ го отвораат домашното првенство со дуелот против Феникс, а на неколку часа пред почетокот на мечот, клубот ја прекина соработката со уште еден од странските кошаркари. Си замина Весли Персон кој беше најавен како големо засилување за 15-кратниот шампион иако во Скопје дојде во многу лоша форма.
Пред Персон, минатиот викенд Работнички го раскина договорот и со Његош Сикираш, два дена по дуелот против Сутјеска во АБА 2 лигата. Во клубот не кријат дека причина за ваквата одлука се финансиските проблеми со кои се соочува Работнички откако еден од главните спонзори ги намали финансиските средства, а доцни и исплатата на „ваучерот' што создава дополнителни проблеми во функционирањето.
Персон и Сикираш одиграа само еден натпревар за Работнички, тој против Сутјеска на кој постигна пет поени и 2 асистенции.