Охрид без милост до четврти триумф: Тиквеш „замрзна“ на минус 20!

Ракометарите на Охрид ја остварија четвртата победа во македонската Суперлига, откако го декласираа Тиквеш со 40-20.

Охрид беше одличен од самиот почеток и веднаш му избега на ривалот (10-6), додека Тиквеш не можеше да најде решение во нападот, а не беше добар ниту во одбраната, па така домаќинот до полувреме стигна до плус девет (21-12).

Гостите имаа лош почеток на второто полувреме, а тоа знаеше да го искористи Охрид кој продолжи да го полни голот на Тиквеш за триумф од 40-20.

Најдобар во победничкиот тим беше Никола Јукиќ со девет голови, додека Срѓан Мијатовиќ постигна шест погодоци за Тиквеш.