Поранешниот европски шампион Вардар му одржа лекција на актуелниот македонски првак Пелистер со 27-24 во четвртото коло од ракометната Суперлига.

Ракометарите на скопскиот гигант по дербито со Пелистер добија овации од трибините за одличниот настап, а тие им се поклонија на Комити и нивната поддршка во текот на целиот натпревар.

По четири одиграни кола во Суперлигата, Алкалоид има осум бодови, додека по шест имаат Вардар, Охрид и Пелистер.