Луда прогноза на Шек: Хрватска може до златото на Олимписките игри во Лос Анџелес

НБА легендата Шекил Онил е познат по своите драматични изјави, но се чини дека малку претера во интервјуто за германскиот весник Билд.

Некогашниот играч на Орландо, Лејкерс, Мајами итн. зборуваше за се помалиот кошаркарски јаз меѓу САД и другите држави низ светот и најави дека Американците нема да ја одбранат титулата на Олимписките игри во Лос Анџелес. Сето тоа имаше смисла додека не дојде до делот за тоа кој би можел да стане олимписки шампион за четири години бидејќи меѓу другите, ја спомна и Хрватска.

„Леброн повеќе нема да игра, веројатно нема ни Дурант и Кари и не гледа други кошаркари кои би можеле да ја продолжат нивната доминација. Европските репрезентации се многу добри, Хрватска, Србија, Германија... сите тие можат да го освојат златото на Олимписките игри“, рече Шек.

Во првите години по осамостоувањето, хрватската кошаркарска репрезентација имаше забележителни резултати и редовно беше во топ-3 на големите натпреварувања, но дури ни тогаш, со суперѕвезди како Дражен Петровиќ, Тони Кукоч, Дино Раѓа и останатите, не успеа да освои титула. И не само тоа, туку последните години ги пропушта големите натпреварувања, па не играше на последните две светски првенства, како и на последните две олимписки игри.