Познат тимот на колото во ЛШ, нападот го предводи Кејн (ФОТО)

Вчера беше комплетирано првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а денеска беше објавен тимот на колото.

На голот се наоѓа Куртоа од Реал Мадрид, додека во одбраната се Нуно Мендеш од ПСЖ, Матвиенко од Шахтер, Панак од Спарта Прага и Лала од Брест.

Во средниот ред се Тилеманс од Астон вила, Гравенберх од Ливерпул, Гитенс од Дортмунд, Вирц од Баер Леверкузен, додека напред се Гризман од Атлетико Мадрид и Кејн од Баерн Минхен.